Трета конференција на Кина и земјите од Централна и Источна Европа

06.10.2017 10:43

На отворањето е најавено обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Иницијативата е особено важна за регионалната соработка и за развојот преку трговската размена, инвестиците и инфраструктурата, оценија организаторите на конференцијата.

Улогата на човечкиот капитал во рамките на иницијативата за меѓународен економски развој „Еден појас, еден пат“ ќе биде во фокусот на третата меѓународна конференција на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што денеска и утре се одржува во Охрид, со учесници од 15 држави од четири континенти.

На отворањето е најавено обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Иницијативата е особено важна за регионалната соработка и за развојот преку трговската размена, инвестиците и инфраструктурата, оценија организаторите на конференцијата.

Во иницијативата „Еден појас, еден пат“, иницирана од кинескиот претседател Кси Џинпинг во 2013-та година, земјите од Централна и Источна Европа, се опфатени со посебен механизам- 16 плус 1.