Грејната сезона почнува порано

06.10.2017 10:49

Комисијата ги следи прогнозите од 1-ви октомври и доколку се создадат услови за старт на грејната сезона, ќе ги задолжи компаниите да почнат со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија...

Регулаторната комиисија за енергетика најави порано почнување на грејната сезона, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 целзиусови степени.

Комисијата ги следи прогнозите од 1-ви октомври и доколку се создадат услови за старт на грејната сезона, ќе ги задолжи компаниите да почнат со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.