Метео: Значителен пад на температурата
На планините со надморска висина од над 1.500 метри се очекуваат и врнежи од снег. Ќе дува и повремено засилен ветер од северозападен правец на моменти со брзина од 70 километри на час што ќе услови значителен пад на температурата.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран, утре во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни (над 20 литри на метар квадратен), претежно во западните и севеверните делови.
На планините со надморска висина од над 1.500 метри се очекуваат и врнежи од снег. Ќе дува и повремено засилен ветер од северозападен правец на моменти со брзина од 70 километри на час што ќе услови значителен пад на температурата.
Од недела следува период на постабилно време со постепен пораст на дневните температури.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
