Трамп: Иран не го почитува нуклеарниот договор

06.10.2017 11:35

Трамп изјави дека САД не смее да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, додавајќи дека иранскиот режим поддржува тероризам и извезува насилство...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран не го почитува духот на нуклеарниот договор, склучен со големите сили, и рече дека наскоро ќе ја открие својата одлука за тоа дали ќе го потврди потписот на САД под тој документ.

Трамп изјави дека САД не смее да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, додавајќи дека иранскиот режим поддржува тероризам и извезува насилство, крвопролевање и хаос низ целиот Блиски исток.