Германија: Најмалку седуммина загинати во бурата „Ксавиер“

06.10.2017 11:57

Во Хамбург загинала жена откако дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓала. Неколку возачи загинале од паднати дрва во провинцијата Мекленбург- Долна Померанија, во областа Бранденбург и во Берлин...

Најмалку седум лица загинаа во бурата „Ксавиер“, што вчера ја погоди Северна и Источна Германија, проследена со силни ветрови уривајќи дрвја и кранови, а предизвика и прекин во железничкиот сообраќај.

Во Хамбург загинала жена откако дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓала. Неколку возачи загинале од паднати дрва во провинцијата Мекленбург- Долна Померанија, во областа Бранденбург и во Берлин, кадешто исто така има повредени во невремето.

Силните ветрови со брзина и до 140 километри на час, вчера попладне  го погодија северниот пристанишен град и потоа се пренасочија кон Берлин и провинциите Саксонија и Саксонија-Анхалт.