АРМ: Теренската вежба „Македонски Блесок-13“ извршена на највисоко професионално ниво

06.10.2017 12:00

Оценуваните единици на АРМ извршуваа комплексни и сложени борбени задачи согласно листата на инциденти зададени од страна на оценувачкиот тим, при што беа оценети во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

Предвидените активности на теренската вежба „Македонски блесок-13“, на која се реоценуваат средната батаљонска чета и ренџерската чета, согласно НАТО концептот за оперативни способности- ниво 2,  се извршени на највисоко професионално ниво.

Ова денеска го соопшти АРМ повикувајќи се на иницијалното соопштување на оценките на командантите на декларираните единици од страна на набљудувачите и директорите на оценувањето.

Оценуваните единици на АРМ извршуваа комплексни и сложени борбени задачи согласно листата на инциденти зададени од страна на оценувачкиот тим, при што беа оценети во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

Декларираните единици демонстрираа процедури при обезбедување на база, кордон и пребарување, реакција на заседа, пешадиски напад на база, борбена патрола, инфилтрација и ексфилтрација со хеликоптер Ми-17, патролирање и воспоставување на контролна точка, формирање на мобилна контролна точка и други.