Јанева: Се анализираат материјалите земени од претресите

06.10.2017 12:44

Тимот на Јанева со полициска асистенција, вчера изврши претрес во канцелариите и домовите на тројца осомничени, меѓу кои и поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски.

Сѐ уште се анализираат податоците коишто Специјалното јавно обвинителство со судски налог ги обезбеди вчера, а кои се поврзани со предистражната постапка за злоупотреба на АКМИС системот во скопскиот Кривичен суд за електронска распределба на предмети.

„Вчера вечерта се прибраа нашите екипи и полицијата во врска со претресите. Синоќа и денеска се составуваат записници и се што е земено ќе биде доставено до Обвинителството. Според Законот за тоа сме должни да го известиме и судот кој ја издаде наредбата. Прибраните докази ќе бидат предмет на анализа. Со асистенција на МВР синоќа е извршен претрес на домовите на три лица за кои имавме наредби, како и личен претрес на Панчевски. Мислам дека тоа што го баравме и најдовме во домовите го земавме“, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева.

Тимот на Јанева со полициска асистенција, вчера изврши претрес во канцелариите и домовите на тројца осомничени, меѓу кои и поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски.