Грција казни шест врвни козметички фирми заради договарање цени
06.10.2017 12:54
Комисијата соопшти дека открила анти- конкурентски договори меѓу трговците на големо на луксузни козметички производи со намера да се фиксираат цените на мало.

Грчката Комисија за конкуренција казни шест козметички фирми, меѓу кои и американската „Есте Лаудер“ и француската „Лореал“, како и „Кристијан Диор“, со околу 19 милиони евра поради договарање цени.
Комисијата соопшти дека открила анти- конкурентски договори меѓу трговците на големо на луксузни козметички производи со намера да се фиксираат цените на мало.
Казнети се исто така и три грчки компании со вкупно 8,9 милиони евра.
