Кривична пријава за градоначалникот на Берово
Според МВР, тој без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.

Градоначалникот на Берово заработи кривична пријава поради злоупотреба на службена положба. Според МВР, тој без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово во содејство со Одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи- Штип до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Д.Н. (59) од Берово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “, соопшти МВР.
Пријавениот како службено лице градоначалник на општина Берово, во периодот од 1 јули 2015 до 1 јули 2017 година во повеќе наврати ја искористил службената положба и овластување, користејќи го службеното патничко возило, сопственост на општината без да обезбеди Решение за службено патување во странство од надлежен орган од општината, како и без патни налози и без покани за службено патување во странство.
Д.Н., вкупно во 32 наврати за свои лични потреби и за потребите на други физички лица, кои ги превезувал со службеното возило, причинил штета на Општина Берово која дополнително ќе биде утврдена.
