Напаѓачот на Шекеринска се изјасни за виновен

06.10.2017 14:36

Обвинетиот Ангелов се изјасни за виновен и се извини за нападот во Собранието на актуелната вицепремиерка и министер за одбрана, Радмила Шекеринска. Пресудата ќе биде изречена на 12-ти октомври.

Пензионерот Панче Ангелов и се извини на министерката Радмила Шекеринска затоа што ја влечеше и кубеше на 27-ми април за време на Собраниските настани. Ја призна вината за, како што рече, грозоморното дело што го сторил, но појасни дека не сакал да ја малтретира, туку да и помогне.

Бранителот на Ангелов побара поблага казна. Обвинетиот бил на прагот на 70-тите, живеел сам, а насилството за кое му се суди- го сторил во афект.

Пресудата ќе биде изречена на 12-ти октомври.

 

Анита Димитријевска