Потребно е поголемо учество на жените во политиката
Потребно е поголемо учество на жените во македонската политика- порачува американскиот Демократски институт. Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности ќе предложат измени на Изборниот закон...

Со една минута молк за починатиот кандидат за градоначалник на Кичево, Абази, 15 жени ја претставија својата кандидатура за градоначалници на престојните избори. На претходните имало 26 кандидатки за градоначалници. Од независноста на Македонија само 22 жени биле министри во Владата. Ова според американскиот Демократски институт мора да се промени за Македонија да фати чекор со развиените демократски држави.
„Што се однесува на населението, тие се многу понапредни од партиите. 59 проценти од населението воопшто не води сметка за полот за разлика од партиите. 23 отсто претпочитаат жени, а 16 проценти мажи за градоначалници. Меѓутоа тоа е негативното. Но, денеска е позитивна афирмацијата на женските права, тие не само да бидат претставувани, туку и да претставуваат“, изјави Крис Хеншоу, директор на НДИ Македонија.
Клубот на пратенички во Собранието и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе предложи измени на Изборниот закон со воведување квота на жени за идните локални избори.
Ирина Гелевска
