ВМРО-ДПМНЕ: ДИК и Чичаковски да го разрешат Јанчев поради непотизам

06.10.2017 15:02

Истовремено, оваа партија бара да бидат разрешени сите партиски војници на СДСМ кои се поставени за претседатели на Општински изборни комисии.

ВМРО-ДПМНЕ бара, Државната изборна комисија и претседателот Чичаковски поради непотизам, да го разрешат генералниот секретар Јанчев. Истовремено, оваа партија бара да бидат разрешени сите партиски војници на СДСМ кои се поставени за претседатели на Општински изборни комисии.

„Генералниот сектетар на ДИК Добре Јанчев, наместо непристрасно да работи за спроведување фер и демократски избори, со секој одлука ќе работи во интерес на својата сопруга и СДСМ“, изјави Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека ова е врв на непотизам и судир на интереси.

Александар Чичаковски и ДИК веднаш треба да ги разрешат и сите партиски војници на СДСМ кои се поставени за претседатели на Општински изборни комисии, а кои се директно вклучени во камањата на СДСМ- нагласуваат од опозициската партија.