В понеделник седница на каталонскиот Парламент
Шпанскиот Уставен суд пак, смета дека таа седница треба да биде суспендирана.

Каталонскиот секретар за надворешни работи и институционални односи Раул Ромева, изјави дека каталонскиот парламент в понеделник ќе одржи седница. Тој смета дека кризата, во намерата на Каталонија да прогласи независност ќе биде решена со политики, а не со судски мерки.
Шпанскиот Уставен суд пак, смета дека таа седница треба да биде суспендирана. Во меѓувреме, шпанскиот Национален суд почна со испитување на шефот на регионалната полиција на Каталонија, Жозеп Луис Траперо, осомничен дека под негова команда полицајците не презеле соодветни мерки да го спречат гласањето на референдумот за независност.
Траперо и полицискиот полковник Терес Лаплан се обвинети за побуна во текот на демонстрациите на 20 и 21 септември во Барселона, кога националната полиција уапси неколку претставници од каталонската влада и во текот на референдумот на 1 октомври.
