Ахмети: Продолжување на проектите за доброто на сите граѓани
Демократската унија за интеграција на митинг во скопски Сарај. Лидерот на партијата, Али Ахмети од собирот во кумановско Матејче рече дека се посветени на создавање подобра и побезбедна иднина...

Демократската унија за интеграција во Матејче ги промовираше изборната програма и кандидатот за градоначалник на општина Липково, Еркан Арифи. На митингот присуствуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој побара поддршка за кандидатот на оваа партија. Говорејќи за локалните избори, лидерот на ДУИ, Ахмети, рече дека изборите не се само кампања, туку се обврска и посветеност на ДУИ да создадат подобра и побезбедна иднина. Вети продолжување на проекти за доброто на сите граѓани кои живеат во општина Липково, здравствена едукација и подобрување на инфраструктурата. Луѓето кои не го ценат минатото, секако не ја заслужуваат иднината, рече лидерот на ДУИ. Ние не бараме ништо повеќе од целосна еднаквост на сите нивоа, истакна Ахмети, додавајќи дека по локалните избори прашањето за употребата на албанскиот јазик ќе продолжи на парламентарна седница.
„Сите сте сведоци дека почна дебатата за јазици во Собранието. Решивме дека ова е оправдана постапка. Оваа дебата за да не биде девалвирана како што другите мислат, дека ние сакаме да и дадеме карактер на наводна и дека ние сакаме да ја искористиме како адут за локални избори. Па затоа ние решивме дебатата да запре додека трае кампањата, а ќе почне по завршување на локалните избори. Но, едно е многу јасно, отстапка од гласањето за Законот за употреба на албанскиот јазик како службен во Република Македонија нема да има. Отстапка нема. Почнувајќи од целосна употреба во Парламентот, Владата, полицијата, судството, обвинителството, насекаде“- нагласи Ахмети.
Платформата на ДУИ за Липково предвидува реална програма, рече кандидатот за градоначалник на ДУИ за Липково, Еркан Арифи. Рече дека со оглед на капиталните инвестиции од 17 милиони евра во општината во последниот мандат, со неговото доаѓање во локалната власт ќе ги доврши проектите, кои вклучуваат инфраструктура, образование, патишта, земјоделски и други објекти во програмата на ДУИ.
„Ние во нашата четиригодишна програма предвидовме: изградба на систем за водоснабдување со помош на централната власт, со оглед на тоа што проектот помина низ неколку фази, се чека одобрение од Министерството за земјоделство, и ќе продолжи со третата фаза. 2018- та со предлог- буџет е предвидено да се заокружи проектот што чини 1, 5 милиони евра наменет за водоснабдување. Ние ве уверуваме дека ќе продолжиме со нашите активности со што ќе ги затвориме сите детали во проектите што останале. Нашата програма предвидува реалност со точни цели и јасни заклучоци“, изјави кандидатот Арифи.
Претставниците на ДУИ повикувајќи ги присутните да гласаат за нив, рекоа дека освен што имаат силни мускули сега, дека и четвртина век работат за доброто на Албанците.
Наташа Гркова- Петрушевска
