БЕСА: Подобар и квалитетен живот со инфраструктурни и економски проекти
Движењето БЕСА вечерва на средба со граѓани во Студеничани. Партијата одржа митинг и во Теарце. Ги претстави програмата и кандидатот за градоначалник, Амир Елези...

Кандидатот на БЕСА за градоначалник на Теарце, Амир Елезина промоцијата на изборната програма во општината рече дека нудат нов живот за жителите. „Жителите на Теарце заслужуваат подобар и квалитетен живот – тоа ќе го постигнеме со инфраструктурни и економски проекти“, рече Елези.
„Теарце има доволно услови за стимулирање на малите бизниси и затоа ние ќе се обидеме да ви дадеме даночни олеснувања. Ќе се бориме против сивата економија, да се стимулира вистински бизнис и да се зголеми стапката на вработеност во општината. Кога ќе ја ослободиме општина Теарце ние имаме намера да реализираме многу проекти. Имаме јасна визија како да го направиме тоа. Ќе се бориме за социјалниот напредок, економскиот развој и за културни проекти. Во фокусот ќе бидат стимулирање на економскиот развој на малите бизниси, отворање на нови капацитети и чиста еколошката средина“- вели Елези.
Носителот на советничката листа, Амет Имери го обвини актуелниот општинскиот совет за недостатиг од транспарентност. „Никогаш немаше одговорност за работата – мора да се променат нештата“, рече Имери.
„Наместо граѓаните во служба на установата, ќе имаме институции во служба на граѓаните. За секоја одлука ќе се консултираме со граѓаните, а одлуките ќе бидат објавени на страницата на општината. Ќе нема ископувања на земја без согланост на жителите, инвестицитите ќе бидат насекаде, а не само во соседството на градоначалникот. По 15-ти октомври, одлуките на советот општината ќе бидат објавена на веб-страницата и општината ќе биде транспарентна за сите“, изјави Имери.
Од БЕСА ветуваат дека ќе работатна подобрување на нивото на образование, а директорите и професорите ќе бидат ослободени од политички притисоци. Најавуваат дека депониите ќе ги претворат во паркови и зелени површини.
Наташа Јанчиќ
