Димитров: Скопје ќе стори сѐ што може за да го реши прашањето за името

06.10.2017 16:31

Димитров во Солун учествуваше на квадрилатералниот состанок, а за агенцијата посочил дека е важно да се создаде позитивна рамка и да се излезе од браздите на историјата.

„Скопје ќе стори сѐ што може за да го реши прашањето за името на земјата со Грција“,  изјавил македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, за грчката државна новинска агенција АНА-МПА, пренесува МИА.

Димитров во Солун учествуваше на квадрилатералниот состанок, а за агенцијата посочил дека е важно да се создаде позитивна рамка и да се излезе од браздите на историјата.

„Не можеме да ја промениме нашата историја, но можеме да влијаеме на нашата иднина, и оваа иднина ќе биде и заедничка и европска“- рекол Димитров.