Свечена академија по повод 50 години МАНУ

09.10.2017 10:01

Од формирањето досега, МАНУ имаше 154 членови. Досега има издадено околу 1.700 научни трудови на македонски и на повеќе светски јазици...

Свечена академија по повод 50-годишниот јубилеј од формирањето на Mакедонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која ќе говорат претседателите на Mакедонија и на МАНУ, Ѓорге Иванов и Таки Фити.

Прв претседател на Aкадемијата и еден од основачите беше македонскиот Поет Блаже Конески. Најстар академик е Ѓорѓи Филиповски (1919), а најмлад Абдулменаф Беџети (1959). Досега имала и четири почесни членови и тоа Коле Чашуле, Јосип Броз - Тито, Едвард Кардељ и Борис Евгенович Патон.

Од формирањето досега, МАНУ имаше 154 членови. Досега има издадено околу 1.700 научни трудови на македонски и на повеќе светски јазици. Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик.

МАНУ е членка на ЦЕН (Мрежата на академиите од Централна и Источна Европа) и СЕЕА (Академии од Југоисточна Европа).