ДИК: Во Скопје четири гласачки ливчиња

09.10.2017 10:10

Единствено жителите на Скопје ќе гласаат на четири гласачки ливчиња, две за општината во која живеат, и две за Град Скопје.

Државната изборна коисија го објави упатството за гласање. Единствено жителите на Скопје ќе гласаат на четири гласачки ливчиња, две за општината во која живеат, и две за Град Скопје.

Гласањето се врши лично, на 3.480 гласачки места во земјава. Гласањето се врши тајно, зад параван. Избирачот гласањето за избор на градоначалник на општина и град Скопје го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред името и презимето на кандидатот, а за членови на Совет на општина и град Скопје го заокружува редниот број пред подносителот на листата за која се определил.  Преклопеното гласачко ливче избирачот го става во соодветно обележаната кутија за гласање.

Гласањето за друго лице е забрането, освен за случаите предвидени во Изборниот законик.