Турција: Контрамерки кон САД за издавањето визи

09.10.2017 10:17

Рестрикциите ќе бидат построги бидејќи се однесуваат на визите во пасошите, електронските визи и визите кои се добиваат на граница.

Анкара со реципрочни мерки одговори на американската мисија во Турција, која ја прекина работата на службите за издавање неимигрантски визи во дипломатските претставништва во земјата.

Рестрикциите ќе бидат построги бидејќи се однесуваат на визите во пасошите, електронските визи и визите кои се добиваат на граница. Претходно, Вашингтон ги запре сите активности во овие служби, барајќи од Анкара да ја преиспита посветеноста кон американскиот дипломатски персонал.

Одлуката е донесена по неодамнешното апсење на член на персоналот од конзулатот во Истанбул поради наводна поврзаност со имамот Фетула Ѓулен, обвинет за ланскиот неуспешен обид за пуч.