Ева Самкова со прво злато за Чешка
Ева Самкова во финалето на сноуборд крос, го освои првиот златен медал за Чешка на Олимпијадата во Сочи.

Моментно третопласираната во генералниот пласман за Свесткиот куп во оваа дисциплина триумфираше во финалната трка пред канаѓанката Доминик Молтајс која е водечка во Вкупниот поредок на Светскиот куп и третопласираната Клое Треспеју од Франција.
Бранителката на титулата од Ванкувер, Маел Рикер, падна во четвртфиналната трка, додека сребената од Торино и актуелна второрангирана во Светскиот Куп, Линдзи Џакоубелс мораше да се задоволи со малото финале и вкупно пласман на седмата позиција.
Новата олимписка шампионка и јуниорска светска првенка, 20-ет годишната Ева Самкова беше најбрза во трите трки супериорно го зграпчи златниот медал на дебитантскиот настап на олимпијадите.
Американките и покрај тоа што останаа без подиум, се најуспешни сноубордерки по три дисциплини во Сочи со три медали од кои два златни и еден бронзен.
