Пуџдемон: Ќе го примениме Законот за референдум

09.10.2017 11:00

Според законот во автономната област, парламентот би требало да прогласи независност 48 часа по официјалното објавување на резултатите.

„Каталонија ќе го примени законот за референдум, кој повикува на прогласување независност доколку референдумот покаже дека мнозинството гласачи се за отцепување“, изјави каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон.

Според законот во автономната област, парламентот би требало да прогласи независност 48 часа по официјалното објавување на резултатите.

На 1 октомври, 90% од гласачите се изјасниле за отцепување од Шпанија. Мадрид го прогласи референдумот за незаконски.