Германија: Постигнат договор, Меркел попушти за мигрантите

09.10.2017 11:39

Според договорот, бројот на лицата кои бараат азил во Германија ќе биде ограничен на 200.000 годишно, вклучувајќи и спојување на семејствата, како и бројот на прифатени бегалци на ниво на Европската унија...

По маратонски преговори, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, постигна договор за мигрантското прашање со што се отстранети препреките за коалициски преговори со останатите партии.

Според договорот, бројот на лицата кои бараат азил во Германија ќе биде ограничен на 200.000 годишно, вклучувајќи и спојување на семејствата, како и бројот на прифатени бегалци на ниво на Европската унија или според договорот на Унијата и Турција.