Пенс напушти натпревар во знак на протест

09.10.2017 12:14

Пенс напушти спортски натпревар во Индијана откако дел од натпреварувачите клекнаа за време на интонирањето на американската химна...

Американскиот потпретседател Мајк Пенс напушти спортски натпревар во Индијана откако дел од натпреварувачите клекнаа за време на интонирањето на американската химна, што според него, било непочитување на војската, знамето и химната.

Пред неколку недели, спортистите, од кои најголем број се Афроамериканци, почнаа протест во редовите на американската рагби лига со кој се укажува на расната нетрпеливост во САД.