Ердоган во дводневна посета на Србија
09.10.2017 12:51
Се очекува потпишување на неколку договори за турски инвестиции и за бесцарински извоз на одредени производи во таа земја.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во дводневна посета на Србија. Придружуван е од 185 бизнисмени и осум турски министри.
Се очекува потпишување на неколку договори за турски инвестиции и за бесцарински извоз на одредени производи во таа земја.
За неговата безбедност ќе се грижат педесетина лични телохранители и 3.000 српски полицајци.
