Авиосообраќај: Бројот на превезени патници зголемен за 12%
09.10.2017 13:09
И натаму најфреквентна дестинација е Истанбул, потоа следуваат: Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон.

Во првите девет месеци преку двата домашни аеродрома патувале 1.546.000 патници, што претставува зголемување за 12 насто во однос на лани. Бројот на опслужени авио летови е зголемен за шест проценти.
И натаму најфреквентна дестинација е Истанбул, потоа следуваат: Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон.
Од авиокомпаниите најголемо учество има ниско буџетната „Виз Ер“ со 57 насто од превезените патници. Годинава беа воведени пет нови дестинации од скопскиот аеродром, а од Охрид една.
