Поддршка од Шведска и Финска за Македонија
Шведска и Финска ќе инсистираат, проширувањето на Европската унија за Македонија и за Западен Балкан да биде врвен приоритет на Брисел, изјавија шефовите на шведската и финската дипломатија, при средбата со министерот за надворешни, Димитров во Скопје. Македонија очекува отстранување на условената препорака годинава и датум за почеток на преговорите со Унијата наредната година...

Македонија и државите од Западниот Балкан имаат иднина во Европската унија, изјавија шефовите на шведската и финската дипломатија при првата заедничка посета на земјава.
Разликата околу името со Грција за евроинтеграциите, реформите и односите со соседите биле тема на консултациите меѓу тројцата министри. Димитров истакнал дека Македонија повторно го пронашла својот европски пат и дека се надева оти нема да го загуби.
Шведска ќе ѝ помогне со совети на Македонија при евроинтеграцискиот процес, а Финска со искуствата во образованието.
Ирина Гелевска
