Јанева за претресот кај Панчевски: Си ја извршувавме нашата работа, клучот не е одземен
Обвинителката Катица Јанева вели оти не му бил украден клуч на Панчевски.

Сѐ уште не е готова анализата на предметите кои со судска наредба ги одзема СЈО од домот на екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и неговите двајца соработници. Обвинителката Катица Јанева вели оти не му бил украден клуч на Панчевски.
„Се знае зошто ние влеговме во неговиот стан, се знае и зошто отидовме и во судот, да видиме дали тој ја злоупотребува својата службена должност и овластување, односно дали оддава државна службена тајна. Тоа е важното прашање. А другото, не е воопшто важно“, вели Јанева
Таа подвлече дека не е одземен клучот од станот на Панчевски.
„Апсолутно не е одземен клучот. Можеби ви изгледа на камерата како да го одзема, но тоа не е така и тоа мислам дека во еден момент ќе биде објаснето и самата еуфорија што се навлече во јавноста во врска со претресот“- рече Јанева.
