Ахмети: Работиме за иднината, немаме алтернатива освен НАТО и ЕУ

09.10.2017 17:02

Демократската унија за интеграција на средби со граѓани во Чаир, откако партијата се претстави во Струга и во Охрид. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека работат чесно и ја заслужуваат довербата на гласачите...

Албанците, Турците, Египќаните треба заеднички да настапуваат и на тој начин да бидат дел од локалните институции. Братството создава сила, а само обединети Албанците во населените места кадешто се малцинство можат активно да станат дел од институциите и да ги остварат своите права, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на митингот во Охрид.

„Ние работиме за иднината бидејќи немаме алтернатива освен НАТО и ЕУ, а во таа насока поголема безбедност и мир за луѓето. Стандардите значат и еднаквост на сите, а Европа ги поздравува различностите како заедничко богатство. ДУИ ја брани таа теза, но на Албанците во Македонија не им требаат повеќе од две партии бидејќи секое расцепкување на гласовите ја ослабува нашата позиција“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Висар Ганиу кој е кандидат за градоначалник на Чаир рече дека ќе нареди ревизија на Деталните урбанистички планови и ќе се залага за разеленување на општината, решавање на проблемот со паркирањето и со кучињата скитници.

Партијата митингуваше и струшко Радолишта од каде Ахмети, истакна дека ДУИ го нуди Рамиз Мерко како најдобро решение за оваа општина.

„Треба да ги почитуваме стандардите. Некому може ќе му изгледа смешно, затоа што се залагаме за почиста животна средина. Европската унија доделува пари преку ИПА фондовите коишто треба да се искористат за подобра иднина. Додека другите не знаеа ништо за овие фондови и само се сликаа на прес конференции, Рамиз Мерко изминатите години знаеше како ги искористи овие пари. Општината бара менаџер, а не филозоф. Потребен е човек што ќе ги реализира пеоектите, затоа што општината не е болница за лекување, туку место каде што се реализираат плановите. Се надгледува како тече процесот на образование, а вистинскиот човек е оној кој вам ви е потребен. Јас лично ја имам видено волјата на овие граѓани и затоа одлучивме да го кандидираме Рамиз Мерко и гласно да кажеме дека стоиме позади овој човек. Во 2013 година, вие сте сведоци, дека бев тука и повеќе од самиот Зијадин Села бев загрижен да не ја изгубиме Струга и се заложив за тоа со сите мои тимови. Јас никому не работев од зад грб. На Зијадин му кажав дека ќе ги мериме силите за Струга и тоа му го кажав пред изборите“, рече Ахмети.

Ахмети му порача на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на локалните избори да побара поддршка од новите партии.

Анита Димитријевска