Русија на пенали подобра од Словачка, САД рутински со Словенија
Репрезентацијата на Русија вторпат за два дена играше на пенали на олимпискиот хокеарски турнир.

Откако вчера го загуби рулетот со САД, денес успеа да освои два бода против Словачка, во натпреварот од третото коло од “А“ групата. Во регуларните три третини немаше голови, како ни во дополнителните 5 минути, во кои Русите не успеаја да го совладаат Јан Лако од 37 упатени удари. Радулов и Ковалчук беа прецизни во изведувањето пенали, а голманот Варламов остана несовладан, па Русија освои два бода, со кои е на второто место во групата.
Американците ја совладаа Словенија со 5:1, и со 8 бода се првопласирани во “А“ конкуренцијата, а со тоа го обезбедија и директниот пласман во четвртфиналето. Хет трик постигна Кесел, по што меѓу стрелците се запишаа Мекдонах и Бејкс, а до крајот Родман успеа да намали за конечни 5:1 за САД.
