Димитров ќе се обрати пред Комитетот за надворешни работи во ЕП

10.10.2017 10:26

Димитров пред членовите на Комитетот ќе информира за текот на имплементацијата на клучните реформи во Македонија, со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе има редовно обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент.

Димитров пред членовите на Комитетот ќе информира за текот на имплементацијата на клучните реформи во Македонија, со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.

Министерот за надворешни работи ќе оствари и средби со пратеници од Европскиот парламент.