Бесплатни технички проекти за фарми

10.10.2017 10:29

Сточарите кои сакаат да изградат нови фарми или да ги прилагодат старите според европските стандарди, можат да користат бесплатни готови технички проекти. Во завосност од бројот на животните што ќе се одгледуваат, типските фарми се со различна големина.

За прилогодување на македонското земјоделство и за производство на храна според стандардите на Европската унија, изготвена е документација за изградба на мини типски фарми.

Сточарите ќе имаат на располагање бесплатни технички проекти со целосни пресметки за формата и за изгледот на идниот или за реконструкција на сегашниот објект.

Пресметките се однесуваат за капацитети од 10 и од 20 маторици, за 30 до 50 грла говеда и за 10, 20 и 30 молзни крави. За ситниот добиток се предвидени објекти за 100 и за 300 овци или кози.

Целта е да се подобрат приходите на одгледувачите и снабдувањето на пазарот со месо и млеко и да се применат стандардите на Европската унија.

Документацијата може да се подигне во Министерството за земјоделство и може да се искористи за аплицирање за кофинансирање од ИПАРД програмата.

 

Методија Трајков