Владата ќе го разгледува процесот на евроатланска интеграција

10.10.2017 10:36

Според најавите, на дневен ред ќе се најде и информацијата за потребата од потпишување на анекс- договорот за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица.

На редовната владина седница ќе се разгледува процесот на евроатланската интеграција и користењето на ЕУ фондовите. Според најавите, на дневен ред ќе се најде и информацијата за потребата од потпишување на анекс- договорот за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица.

Пред министрите ќе биде и предлог- одлуката за изменување на одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар и предлогот за изменување на методологијата за начинот на формирање на цените на лековите.