Димитров: Членството во ЕУ е врвен приоритет
Целта на Владата е на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори. Членството во ЕУ е стратегиска цел, вели Димитров.

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров пред членовите на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент, информираше за текот на имплементација на клучните реформи во Македонија.
Целта на Владата е на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори. Членството во ЕУ е стратегиска цел, вели Димитров.
„Нашата главна цел е да пристапиме во ЕУ, но не само поради членството. Ние сакаме Република Македонија да биде европска демократија, значи Европа да ја донесеме во земјата. Исто така сакаме да бидеме членка на НАТО и да имаме добрососедски односи“, нагласи Димитров пред членовите на Комитетот за надворешни работи.
