Продолжува увидот во АКМИС-системот во Кривичниот суд
10.10.2017 14:27
Се проверува дали имало злоупотреби...

Комисијата од Министерството за правда која прави ревизија на АКМИС- системот за електронска распределба на предмети, повторно влезе во скопскиот Кривичен суд. Се проверува дали имало злоупотреби.
Комисијата со која раководи судијата Лазар Нанев беше формирана по препораките од Прибе за евентуално откривање на злоупотреби на информатичкиот систем.
Комисијата го почна увидот во скопска единица минатиот четврток, истиот ден кога СЈО вршеше претрес во кабинетот на екс- претседателот на кривичен, Владимир Панчевски.
