МВР ќе издава лични карти во сабота и во недела
10.10.2017 14:31
Сите барања по законски спроведената постапка ќе се одобруваат итно, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Сите одделенија за управни работи на МВР ќе работат на 14-ти и 15-ти октомври, ден пред и на гласањето за локалните избори, за да можат граѓаните да извадат лични карти.
Сите барања по законски спроведената постапка ќе се одобруваат итно, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
На денот на изборите, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7 до 19 часот.
