Димитров пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

10.10.2017 15:06

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров пред членовите на Комитетот за надворешни работи информираше за текот на имплементација на клучните реформи во Македонија. Главно, интересот на европратениците е за релациите со Грција. Членството во ЕУ е стратегиска цел- вели Димитров.

Слободни медиуми, независно судство, демократски парламент- три приоритети кои според министерот за надворешни работи, Димитров, се цел за Владата. Презентираше извештај за три месечната работа пред европските пратеници во Брисел, во рамките на Комитетот на за надворешни работи. Од европратениците побара ветер во грб за Македонија што поскоро да стане дел од ЕУ.

Европските пратеници се интересираа за Законот за употреба на јазиците, кохабитацијата со претеседателот на државата, претстојните локални избори, и соработката со опозицијата. Димитров потенцираше дека главен адут се воспоставувањето на добрососедските односи со Бугарија, Албанија и Грција.

„Не е тајна дека Грција поради прашањето со името го блокира патот на Македонија. Вие имавте средба со вашиот грчки колега и во таа прилика рековте дека Грција мора да ја разбере новата реалност на Македонија. Ме интересира дали очекувате Грција да го промени својот став по тоа прашање?“- праша европратеничката Маријана Петир

„Сакам да потенцирам дека одржлив дијалог меѓу владејачката партија и опозицијата е неопхдоден услов за напредок на земјата и позитивен развој“, нагласи европратеникот Едуард Кукан.

„Сакам да Ве убедам дека има политичка волја, бидејќи очигледно е дека има потреба од тоа, оваа Влада би правела грешки доколку нема силна политичка алтернатива“, рече шефот на македонската дипломатија, Димитров.

Министерот за надворешни работи цени дека имплементација на препораките од извештајот на Прибе во планот на Владата, 3-6-9, ќе доведе до повлекување на условеноста на препораката во следниот извештај на Европската комисија за непредокот на државата.

 

Марина Стојанова- Тонева