Во Битола одбележан Меѓународниот ден на белиот стап
Со марш по Широк сокак, битолскиот Сојуз на слепи лица го одбележа меѓународниот ден на белиот стап. Вработувањето и инфраструктурата се најгорливите проблеми со кои се соочуваме- порачаа до надлежните слепите лица...

Офтомолозите максимално да посветат внимание во раното откривање на лицата со оштетен вид, а за оние кои одамна живееат во светот на мракот, надлежните институции да преземат системетски мерки за решавање на најгорливите проблеми- порачаа лицата со оштетен вид од Широк сокак, на одбележувбањето на Меѓународниот ден на белиот стап и Денот на видот.
„Најгорливи проблеми се обезбедувањето на работно место и инфраструктурата која е делеку од потребите на оваа категорија на луѓе“, вели претседателот на битолскиот Сојуз на слепи лица, Владо Димитровски.
Благодарение на хуманитарните асоциации, напредок е забележан во користењето на информатичката технологија, а веќе неколку години внимание предизвикува и меѓународниот проект на „Витезите на слепилото“.
„Последните неколку години преку светскака ацоцијација на Лајонс клубовите се спроведува проектот за отварање на ресурсни центри. Во Македонија тоа го направивме во неколку градови“, вели членот на битолскиот Лајонс клуб „Кабадаја“.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап го заокружија со трибината „Информатиката во корист на слепите лица“.
Стевче Митревски
