Во Сао Пауло затвора последната фабрика што го произведуваше легендарното Фолксваген комби.

Фолксваген комбито заминува во легендите

04.11.2013 13:17

Ги возеше децата на цвеќето во 60-тите, ги префрлаше сурферите и нивните штици низ бесконечните лета и беше влечната сила во светот во развој. Сега долгото и чудно патување на Фолксваген комбито е пред крајот на патот. Го создаде Германија, но Бразил е последната земја што го произведува легендарното „ауто“. Неговата ера ќе заврши на 31. декември.

„Комбито е дел од моето детство. Го знаеме комбито уште како деца, па многу се натаживме што престанува да се произведува во Бразил“, вели Маркос Јошига, сопственик на Фолксваген комби.

Го користат поштата, војската или погребалните за превоз на мртовци. Оперира како групно такси, минибус за ученици и транспорт за градежен материјал. Но правилата на безбедност налагаат од наредната година секое возило во Бразил да има воздушни перничиња и а-бе-ес сопирачки. Фабриката во Сао Пауло вели дека не може да го смени производството во согласност со законот. Дефинитивно ќе недостасува на асфалтниот пејзаж.

„Тоа е кола што не се сменила, што останала иста низ годините“, смета Марчело Серпа, сопственик на Фолксваген комби.

„Има харизма. Се вљубуваш во него, сакаш да го допираш, да го возиш, да го поправаш и да додаваш нешто ново“, вели Енио Гварнери, сопственик на Фолксваген комби.

Фолксваген има произведено над 10 милиони комбиња глобално, откако моделот беше првпат претставен во Германија пред 63 години. Кога возилото на работничката класа што ги возеше легендите ќе замине меѓу нив, среќниците што уште го поседуваат во рацете имаат скапоцен колекционерски и сентиментален предмет.