Ахмети: ДУИ произведува големи успеси и квалитет
Демократската унија за интеграција на средби со граѓани во Кичево, откако го одржа митингот на плоштадот Скендербег во Скопје. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека произведуваат успеси и квалитет. Вели оти се исправени пред предизвикот да ја интегрираат земјава во ЕУ и во НАТО.

„Со победата на Висар Ганиу во Чаир на овие локални избори ќе победи цело старо Скопје, ќе победат и оние кои нема да гласат за него“ - рече лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на митингот на плоштадот Скендербег во Скопје. Ганиу треба да победи за да ја продолжи мисијата и да создаде вредности, изјави Ахмети. Се осврна на соработката со СДСМ на локалните избори и посочи дека ова партнерство се состои во помагање еден на друг во тие општини каде што едната партија нема можност за победа. Позитивно ја оцени досегашната работа на Владата, го наведе подобрувањето на односите со соседите, го спомена Договорот за добрососедство со Бугарија и решителноста за градење добри односи и со Грција.
„ДУИ произведува големи успеси и квалитет за разлика од другите на овие простори. Видете каква одлична кампања спроведуваме, колку луѓето се спокојни, а знаете како го затекнавме Чаир пред 15 години, без ниедна инвестиција и вработување. Но, сѐ уште не е сѐ сторено. Пред нас има уште големи задачи, земјава треба да ја интегрираме во ЕУ и НАТО. Да воспоставиме добрососедски односи со сите. Како што направивме со Бугарија, треба да направиме и со Грција, за големи прашања треба да имаме смелост. Тоа, заедно со воспоставувањето правна држава, како и продлабочување на реформите, се предуслови за интеграција во НАТО и во ЕУ. За големи работи треба големи државници, не се сомневам дека оваа реформска влада ќе успее во тоа“- нагласи Ахмети.
Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Висар Ганиу пред присутните рече дека чаирчани заслужуваат градоначалник што произлегува од нивните редови, а не политичар кој ќе се занимава со водење висока политика.
„Ќе направам сѐ за програмата наречена „Договор“ да се реализира во целост. Ви се обраќам од плоштадот Скендербег, кој иако не е завршен до крај, сепак е наша гордост. Во изминатите денови забележав дека Чаирчани заслужуваат градоначалник кој ќе биде директно насочен кон граѓаните, да ги реши сите нивни проблеми и барања. Не е потребен голем политичар кој ќе се занимава со висока политика, јас ќе бидам секогаш отворен и во служба на сите граѓани, да ги решам нивните секојдневни проблеми“- изјави Ганиу.
Имаме најдобра програма која никогаш досега не била подготвена за некоја општина, имаме енергија и добра екипа, која ќе се посвети на реализација- рекоа говорниците на митингот на ДУИ.
Миле Ристески
