Русија: Протестна нота до Вашингтон
12.10.2017 10:14
Москва потенцира дека потегот е исклучително непријателски и побара итно враќање на државните симболи.

Руската амбасада му врачи протестна нота на Вашингтон поради отстранувањето на руските знамиња од конзулатот во Сан Франциско кој е под контрола на американските власти.
Москва потенцира дека потегот е исклучително непријателски и побара итно враќање на државните симболи.
Реакцијата на Белата куќа следеше по налогот од Москва за намалување на американскиот персонал во Русија.
