Политичко примирје меѓу Хамас и Фатах
12.10.2017 11:47
Деталите од договорот ќе бидат објавени на прес-конференција во текот на денот во Каиро.

Палестинските организации Хамас и Фатах постигнаа договор за политичко помирување. Деталите од договорот ќе бидат објавени на прес-конференција во текот на денот во Каиро.
Преговорите почнаа пред два дена во египетската претстолнина. Хамас доминира во Газа, а Фатах владее на Западниот брег.
