Олимписки зимски игри – Сочи 2014

Морс од шорт - тек патеката, до злато на 1500 метри класично

16.02.2014 18:15

Сензациите станаа секојдневност во олимпиското брзо лизгање.

Тројната победа на Холанѓаните на 1500 метри не е новина, туку златниот медал на Јориен тер Морс. 24 - годишната Холанѓанка вчера го освои четвртото место на 1500 метри, но во шорт – трек, а денеска ги замрзна сонародничките и главни фаворитки во класичниот стил Ирене Вуст и Лоте ван Бик, излизгувајќи нов олимписки рекорд, 1:53:51 што е за 51 стотинка подобро од времето на Германката Ани Фенингер од Игрите во Солт Лејк Сити пред 12 години.

Вредноста на резултатот на тер Морс  е и во тоа што до неочекуваната победа дојде со неверојатните 30 секунди и 59 стотинки во последните 400 метри. Вуст, која со три медали досега е најуспешна лизгачка во Сочи, за вториот сребрен беше 58 стоти делови побавна, додека ван Бик имаш повеќе од секунда послабо време од шампионското.

По двете машки, ова  е трета дисциплина во којашто преставниците на земјата на лалиљата ги освоија сите медали со што само потврдија  дека со 98 одличја се убедливо најуспешната лизагачка нација  во историјата на Олимпијадите.