НБА Лига

Белинели и Вол во фокусот на Ол Стар ревијата

16.02.2014 18:26

Италијанецот победи на шут парадата, а плејот на Вашингтон ја спаси вечерта во натпреварот во забивање, во вториот ден од 63-тиот НБА Ол-стар.

Кошаркарот на Сан Антонио е само третиот европски играч, што преку океанот успеа да победи во ревијалниот шут за три. Марко Белинели ги повтори успесите на Дирк Новицки (2006) и Предраг Стојаковиќ (2002 и 2003). Во последната серија, Белинели постигна 24 поени, а неговиот финален соперник Бредли Бил имаше 18. Резултатот на Белинели е втор на сите времиња, зад рекордот на Хоџис (1986 - 25 поени) и Капоно (2008 - 25 поени).

По забивањето на Џон Вол во последната серија, судиите немаа друг избор освен едногласно да му ја доделат победата на источниот состав, во првата тимска пресметка во историјата на забивачката Ол-стар ревија. Истокот во состав Џон Вол, По Џорџ и Теренс Рос, ги совлада западните колеги Барнс, Лилард и МекЛемор.

Ол стар натпреварот ќе се игра во 2 часот по полноќ, недела кон понеделник.