Премиерот Заев ќе учествува на „Самит 100“
Заев е поканет да учествува на премиерската панел дебата, насловена „Дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“. Учество на оваа дебата, која ќе се одржи на 17-ти октомври, потврдија и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на регионалната конференција „Самит 100 – Бизнис лидери на Југоисточна Европа“, што на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржи во Скопје, соопшти владината прес-служба.
Заев е поканет да учествува на премиерската панел дебата, насловена „Дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“. Учество на оваа дебата, која ќе се одржи на 17-ти октомври, потврдија и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.
Посебно обраќање на овој регионален настан ќе има и еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц.
На „Самит 100“ учество ќе има и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој ќе се обрати на панелот „Е-концепт за раст базиран на поврзување“.
На отворањето на „Самит 100“ ќе се обрати Живко Мукаетов, директор на „Алкалоид“ и претседател на Бордот на Самит 100 - Бизнис лидери на Југоисточна Европа, заедно со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како специјален гостин на настанот.
