ЕУ: Да се потврди посветеноста на демократските вредности

13.10.2017 11:31

Ги повикуваме политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување на избори без заплашување и насилство, да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности за време на и по изборите, стои во дописот.

Европската унија ги охрабрува политичките лидери, нивните партии да го искористат изборниот процес за да ја потврдат и покажат својата посветеност на демократските вредности и владеење на правото, се наведува во заедничката изјава на делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите- членки на Унијата во Македонија, во пресрет на локалните избори.

Ги повикуваме политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување на избори без заплашување и насилство, да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности за време на и по изборите, стои во дописот.

Брисел ја потецира и важноста од меѓународни наблудувачи на изборите, особено на ОБСЕ/ ОДИХР.

Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини, се посочува во заедничката изјава.