На Европа ѝ се заканува ураганот „Офелија“
13.10.2017 11:34
Британскиот метеоролошки институт издаде жолто предупредување поради силниот ветер што се очекува...

Ураганот „Офелија“ кој неодамна беше формиран над Атлантикот може да погоди делови од Европа. Според прогнозите, „Офелија“ уште викендов би можела да стигне до португалските Азорски острови, а потоа и до Ирска.
Британскиот метеоролошки институт издаде жолто предупредување поради силниот ветер што се очекува во Шкотска, Велс и Западна Англија.
