Најмалку 31 загинат во пожарите во Калифорнија

13.10.2017 11:51

Најтешко е погоден градот Санта Роза, северно од Сан Франциско, во централниот дел на долината Напа, која е позната како главен центар на винската индустрија во САД.

Најмалку 31 лица загинаа, над сто се повредени, а неколку стотици се водат како исчезнати во силните пожари што ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија. Пожарите досега зафатија површина од 190.000 хектари и уништија над 3.500 станбени и деловни објекти.

Најтешко е погоден градот Санта Роза, северно од Сан Франциско, во централниот дел на долината Напа, која е позната како главен центар на винската индустрија во САД.

Се претпоставува дека пожарите биле предизвикани од електрична искра од пад на далновод.

Американскиот Конгрес одобри 36,5 милијарди долари помош за областите кои беа погодени од неодамнешните урагани и пожари во САД.