Сирија: Турската армија се распоредува во Идлиб
13.10.2017 12:28
Испраќањето на војници во Сирија минатата недела го најави и претседателот Ердоган.

Турската армија почна да поставува набљудувачки пунктови во сириската северозападна област Идлиб, кадешто турција најави дека ќе го спроведе планот за создавање на безбедна зона.
Испраќањето на војници во Сирија минатата недела го најави и претседателот Ердоган. Во мировните преговори во Казахстан во мај, Турција, Иран и Русија договорија да се формираат четири т.н. зони на деескалација во Сирија, со цел да се стави крај на шест и пол годишната граѓанска војна.
