Доверливиот изборен материјал доставен до Општинските изборни комисии
13.10.2017 12:46
Гласачките места се отвораат в недела во седум, а се затвораат во 19 часот. В недела ќе се гласа на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Избирачкиот список, печатите, гласачките ливчиња и кутиите се дистрибуирани во Општинските изборни комисии. До утре, пак, тие треба да го предадат изборниот материјал на избирачките одбори.
Гласачките места се отвораат в недела во седум, а се затвораат во 19 часот. В недела ќе се гласа на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
На шестите по ред локални избори во трка се околу 800 кандидати за градоначалници од 19 политички партии и коалиции. Самостојно настапуваат 64 независни кандидати.
