Вангеловски во проверка на АКМИС системот во гевгелискиот суд
13.10.2017 14:45
По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на системот, ќе бидат донесени соодветни заклучоци, информираат од судот.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и раководителот на Службата за информатика, вчера во Основниот суд- Гевгелија вршеле контрола на функционирањето на АКМИС системот.
По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на системот, ќе бидат донесени соодветни заклучоци, информираат од судот.
Вакви работни посети во наредниот период се планирани во сите судови во државава, со цел подобрување на функционирањето на АКМИС, појаснуваат од Врховен.
